Манчини останува селектор на Италија до 2022. година

by
1 минути читање

Селекцијата на
Италија веќе обезбеди место на Европското првенство во 2020. година, а тоа „Аѕурите“
го сторија по фантастичната низа од седум победи во својата квалификациска
група, по што се активираше една клаузула во неговиот договор.

„Калчомеркато“
тврди дека клаузулата е веќе активирана, а истиот медиум додава дека Манчини ќе
му биде „верен“ на селекторското столче најмалку до Светското првенство во
Катар во 2022. година, објаснувајќи дека тој е убеден и ентузијастички
расположен, како и тоа дека верува во новата генерација на Италија.

Поранешниот
тренер на Интер и Манчестер Сити го предводеше националниот тим на Италија до
седум победи во низа во квалификациите, а стана селектор на Италија лани, по
големите проблеми со кои се соочи италијанскиот фудбал на репрезентативен план,
откако не успеа да избори место на Светското првенство во Русија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×