Зенит славеше со 2-1 на
домашен терен против Вардар и покрај тоа што настапи во комбиниран состав, а
италијанскиот стратег Роберто Манчини е задоволен од изданието на неговите
избраници.
„И покрај фактот што
игравме во комбинирана варијанта одигравме одличен натпревар. Можевме да
постигнеме повеќе погодоци, но задоволен сум од тоа што победивме“ рече
Италијанецот по мечот.
„Генерално сум среќен
поради начинот на кој го одигравме мечот, но не сум среќен за промашениот
пенал, пеналите обично не носат голови ако изведувачите се тие врз кои бил
направен прекршокот, се случува…“ додаде Манчини во однос на ударот од белата
точка на Дзјуба, чиј удар беше одбранет од Гачевски а токму врз Дзјуба беше
направен прекршокот за најстрога казна.
Извор/Фото-вест: fc-zenit.ru