Вардар претрпе
убедлив пораз од фаворитот Зенит на домашен терен во првото коло од групата „Л“
од Лига Европа, и тоа со 0-5.
По средбата, на
пресконференцијата, стратегот од клупата на рускиот тим издвои дека резултатот
не ја отсликува леснотијата со која гостите дошле до убедлива победа во Скопје.
„Не беше лесно како што изгледа по резултатот. Дадовме се’
од себе во текот на натпреварот за да победиме“ издвои Манчини.
„Добро ја скениравме играта на Вардар, ги гледавме
натпреварите против Фенербахче и знаевме дека станува збор за добар тим“ додаде тој.
„Задоволен сум од резултатот и од играта, од тоа како
одиграа моите фудбалери во текот на целиот меч“ заврши Италијанецот на пресконференцијата по средбата во Скопје.
Фото: Кочо Сотировски (24фудбал)