Манчини го врати Балотели во селекцијата на Италија

by
2 минути читање

Роберто Манчини,
селекторот на Италија соопшти список од 30 фудбалери за трите контролни
натпревари кои претстојат за Аѕурите против Обединетите Арапски Емирати,
Франција и Холандија.

На списокот има
пет новајлии во тимот, меѓу кои се најдоа Ппалмиери, Басели,  Калдар, Берарди и Мандрагора.

Она што најмногу
ги изненади многумина, е фактот што на истиот список се најде и Марио Балотели,
кој се врати во националниот тим на Италија по цели четири години, останува
отворено прашањето како Манчини ќе го скрати овој список на конечен за
претстојното Светско првенство кое идниот месец се одржува во Русија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани