Манчини го посочи проблемот во Интер: Имаат добри играчи, но лоши директори

by
2 минути читање

Роберто Манчини
ја започна сезоната како тренер на Интер, ги одработи подотовките но непосредно
пред почетокот на Серија А, тој го напушти клубот поради несогласување со
новите сопственици од Кина.

На негово место беше именуван Франк Де Бур, кој издржа само неколку месеци на
жешкото столче на Џузепе Меаца.

Кормилото потоа
го превзеде Сефано Пиоли, кој успеа да ги консолидира редовите и го врати
клубот на победнички патеки.

Но и под негово
водство се случија неколку неочекуваните порази, а по киксовите против
Сампдорија и Кротоне во период од една седмица, Интер се збогува од битката за
место во Лигата на Шампионите.

„Тимот има добри
играчи, но не знам дали истото може да се каже и за директорите
– вели Роберто Манчини во разговор
со Скај Спорт.

„Тренерот е тој
што секогаш ја плаќа цената
.

„За жал ме фати
хаосот кој траеше од јули до август и морав да донесам одлука
.

„Не ми беше лесно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани