Манчестер јунајтед ќе му конкурира на Баерн Минхен за потписот на Чави Симонс, ПСЖ е подготвен да го продаде Холанѓанецот но само за сума од 70 милиони евра.
По одличната сезона на позајмица во РБ Лајпциг, Чави Симонс го привлече вниманието на неколку клубови.
Баерн Минхен се чини дека загриза најсериозно, но последните информации велат дека и Манчестер јунајтед се приклучува во трката за потписот на Холанѓанецот.
ПСЖ е подготвен да го продаде Чави Симонс, но само за сума од 70 милиони евра.
„Светците“ исто така се отворени и за идејата да го позајмат играчот, но со обврска тој во целост да биде купен летото во 2025 година.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.