79
Екипата на Манчестер јунајтед изгледа дека влегува во потребната форма и денеска запиша убедлива победа над Ипсвич со 0-6 во рамките од 22. коло во Премиер лигата.
Немаа проблеми избраниците на Пеп Гвардиола и со по три гола во двете полувремиња лесно освоија три бода.
Фоден прв погоди во 27. минута, а Ковачиќ во 30. минута зголеми на 0:2 за до крајот на првите 45 минути англискиот репрезентативец да постигне и втор гол за три гола предност.
Само што започна вториот дел во 49. минута Доку се погрижи за 0:4, а за поубедлив триумф погодија Халанд и Мекти.
Манчестер сити сега е четврти на табелата со 38 бода и тоа сепак е далеку од врвот каде што Ливерпул има 50.