Манчестер сити во јануари за него плати 30 милиони евра, а сега сака да си замине

by Стефан
1 минути читање

Дефанзивецот Виктор Реис за кого Манчестер сити плати на бразилскиот Палмеирас 30 милиони евра според последните информации побарал да замине.

Имено, Реис кој има 19 години  во редовите на „граѓаните“ пристигна во јануари, но на „Етихад“ не бил задоволен од статусот кој го има кај Пеп Гвардиола.

Според информациите на Островот, Реис сака да биде испратен на позајмица во клуб каде што ќе биде стандарден и ќе собира искуство.

Во Манчестер сити има голема конкуренција од: Рубен Дијас, Јошко Гвардиол, Мануел Аканџи, Нејтан Аке, Џон Стоунс и Абдукодир Хасанов, па така е далеку од првиот тим.

Како можни дестинации за фудбалерот веќе се споменуваат Порто и Баер Леверкузен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×