Екипата на Манчестер сити во ефикасен натпревар славеше победа над Кристал палас во рамките од 32. коло во Премиер лигата со 5-2.
Кристал палас одлично започна и по 20-тина минтуи игра со головите на Езе и Ричардс поведе со 2-0.. Видовме и уште еден поништен гол на Езе поради офсајд, но тогаш како да започна падот на гостите. Прво Де Брујн кој подоцна беше асистент намали на 1-2 од слободен удар, а три минути подоцна Мармуш израмни на 2-2.
Од тој момент Манчестер сити започна да доминира на теренот и создаваше голем број прилики. Победата беше обезбедена во вториот дел со погодоците на Ковачиќ, Мекти и О’Рајли.
Пеп Гвардиола сепак има причина за грижа бидејќи на 20-тина минути пред крајот мораше да го замени првиот голман Едерсон поради повреда.