Манчестер Сити потешко од очекувањата го помина Плимут (ВИДЕО)

by riste
0 минути читање

Манчестер Сити со 3-1 го победи Плимут и помина во следното коло од ФА Купот, но тоа го направи потешко од очекувањата.

Гостите поведоа со гол на Таловиеров во 38. минута, тоа беше шок на Етихад.

Во судиското продолжение од првиот дел Сити изедначи со погодок на Орајли.

Тимот на Гвардиола долго време се мачеше за да дојде до водство, тоа конечно се случи во 76. минута, повторно стрелец беше Орајли.

Кога Плимут тргна по израмнување, тоа го искористија домаќините и во 90. минута преку Де Брујне ги поставија конечените 3-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×