Манчестер Сити плаќа 35 милиони за играч кој може да го ангажира беспари по шест месеци?!

by bojan
1 минути читање

„Граѓаните“ се обидуваат да го ангажираат Марк Геи од Кристал Палас овој месец и за таа цел се подготвени да платат околу 35 милиони фунти.

Марк Геи е еден од најбараните дефанзивци, Англичанецот ги одработува последните шест месеци од договорот, па затоа се наоѓа на радарот на Барселона, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Арсенал, Ливерпул и уште многу други.

Последните информации велат дека Манчестер Сити сака да ја збрише конкуренцијата со богата понуда и трансфер уште овој месец.

„Граѓаните“ се подготвени да платат 35 милиони фунти, па ги убедуваат популарните „орли“ и дефанзивецот да прифатат зделка во зимскиот преоден рок, наместо да се чека до крајот на сезоната.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×