Maнчестер сити како што стојат работите би можел да го обележи јануарскиот преоден рок.
Според последните информации Омар Мармуш ќе ги засили редовите на „граѓаните“ оваа зима бидејќи само детали го делат од преселбата од Ајнтрахт на „Етихад“.
Германскиот инсајдер, Флоријан Плетенберг објави дека Манчестер сити нуди 70 милиони евра, а Ајнтрахт бара 80, па така извесно е дека со бонусите би постигнале договор. Исто така се наведува и дека најверојатно Мармуш нема да биде во составот на Ајнтрахт за натпреварот за викендот против Борусија Дортмунд.
Фабрицио Романо исто така потсетува дека Абдукодир Хусанов од Ленс во наредните 48 часа би можел да стане фудбалер на Манчестер сити, а штом добие дозвола и Витор Реис од Палмеирас.
Сити на Ленс ќе му плати сума од 40 милиони евра и исто толку на Палмеирас за Реис. Пеп така ќе добие млади стопери од 19 и 20 години. Кога се ќе се собере сумата која ќе ја потроши Челси на ова трио е околу 150 милиони евра.