Манчестер Сити на пат да донесе второ засилување, испратена понуда која е премногу добра да се одбие

by bojan
1 минути читање

Голем број на извори од „островото“ објавија дека Манчестер Сити е на добар пат да го ангажира Марк Геи од Кристал Палас, „граѓаните“ нема да штедат пари бидејќи очајно им е потребно засилување на одбраната.

Руен Диаш и Јошко Гвардиола подолго време ќе бидат отсутни, Џон Стоунс цело време се мачи со повреди, па Манчестер Сити до крајот на овој месец ќе донесе нов искусен централен дефанзивец.

Пари нема да се штедат бидејќи очајно им е потребен ваков профил на играч, и голем број на извори попладнево објавија дека „граѓаните“ силно притиснале за ангажман на Марк Геи.

На фудбалерот му е понуден договор кој е премногу добар да се одбие, слично ќе биде и со Кристал Палас, се очекува на маса да биде ставен предлог од околу 30 милиони фунти.

Па само прашање на време е кога ќе се испеглаат сите детали и Марк Геи ќе стане второ засилување за Пеп Гвардиола во зимскиот преоден рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×