Манчестер Сити ќе го менува Едерсон со српски голман!?

by riste
1 минути читање

Репрезентативниот голман на Србија, Вања Милинковиќ-Савиќ е прв фаворит за нов голман на Манчестер Сити, пишуваат англиските медиуми.

Голманот на Торино брани во одлична форма и го привлекува вниманието на најголемите клубови.

Последните информации велат дека Пеп Гвардиола фрлил око на Милинковиќ-Савиќ кој влегува во последната година од договорот со Торино.

Се претпоставува дека Манчестер Сити ќе може да го купи за 10 милиони евра.

На крајот од оваа сезона, Едерсон најверојатно ќе го напушти Манчестер Сити.

Но, Сити не е единствениот заинтересиран за Савиќ, се пишува дека и Наполи го сака.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани