246
Рубен Диаш стави потпис на договор со Манчестер Сити до јуни 2029 година, потврди англискиот клуб.
Диаш потпиша нов договор до 2029 година со можност и за уште една дополнителна сезона.
„Денеска сум пресреќен. Манчестер е мој дом, а навивачите ги чувствувам како свое семејство“, изјави Дијас за клупскиот сајт.
Претходниот договор на Диаш имаше трајност до 2027 година.
Тој пристигна во Сити во 2020 година од Бенфика за 65 милиони фунти. Португалецот досега има одиграно 223 натпревари во сите конкуренции и постигна четири гола. Со клубот освои Лига на шампиони, четири титули во Премиерлигата, еден ФА Куп и еден Лига Куп.