Манчестер Сити го продава Савињо на Тотнем и со 100 милиони евра тргнува по ѕвездата на Реал Мадрид?!

by bojan
1 минути читање

Тотнем сериозно загриза за услугите на Савињо од Манчестер Сити, и доколку се реализира оваа зделка, „граѓаните“ ќе тргнат по потписот на Родриго од Реал Мадрид.

Тотнем се обидува да го ангажира Савињо од Манчестер Сити, тренерот Томас Франк верува дека Бразилецот одлично се вклопува во неговите замисли и она што се обидува да го имплементира во Северен Лондон.

Па „спарси“ сериозно загризаа за услугите на офанзивниот фудбалер и „граѓаните“ се подготвени за продажба доколку добијат добра понуда, се шпекулира со сумата од 70 милиони евра.

Манчестер Сити веќе размислува за соодветна замена и го мерка Родриго од Реал Мадрид како ново засилувањае.

На маса можат да бидат ставени околу 100 милиони евра за услугите на Бразилецот, кој падна во втор план на „Бернабеу“ по трансферите на Килијан Мбапе и Џуд Белингем.

ФОТО: X/Real Madrid C.F.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×