„Граѓаните вечерва соопштија дека Савињо ставил потпис на нов договор и ја продолжил верноста до јуни 2031 година.
Изминатово лето, Тотнем пројави интерес за ангажман на Савињо, се шпекулираше со понуда од околу 70 милиони, двојно повеќе од тоа што Манчестер Сити го плати за ангажман на Бразилецот во 2024, но и покрај тоа што можеа да направат голем профит, „граѓаните“ одбија да го продадат играчот.
Сега откако се стишија работите, Манчестер Сити го обнови договорот на Савињо до јуни 2031 година.
„Горд см што ставив потпис на нов договор, навистина е специјално да знаете дека Пеп и Сити имаат верба во авас. Тоа ми значи многу. Знам дека треба да покажам уште многу, но млад сум и желен да учам. Но знам дека соработката со Пеп и неговиот персонал ќе ми помогне да продолжам да се развивам“ – вели Савињо.