Манчестер сити го доведе како еден од најголемите таленти, но во Германија не се снајде – оди на нова позајмица!

by Стефан
1 минути читање

Клаудио Ечевери како голем талент пристигна во Манчестер сти, но не му оди, а сега не се снајде и во Германија каде што настапувааше како позајмен фудбалер за Баер Леверкузен.

Со само нешто повеќе од 300 минути на терен оваа сезона, јасно е дека тоа е премалку за фудбалер од кого се очекуваше да се развива во Бундеслигата, па во Манчестер сити се незадоволни од неговиот третман и веќе одлучиле да го вратат од позајмица.

Информацијата ја потврди и тренерот на Леверкузен, Каспер Хјулманд, кој истакна дека Ечевери веќе го одиграл својот последен натпревар во дресот на германскиот клуб.

Иднината на младиот фудбалер е во рацете на Манчестер сити. Преговори веќе се водат, а како фаворит за неговиот следен чекор се споменува клуб од истата фудбалска групација, Џирона.

Најизвесно е дека Пеп Гвардиола нема да го користи Ечевери во првиот тим на Манчестер сити, па нова позајмица изгледа како најреално решение.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×