Англискиот шампион Манчестер Сити постигна договор со норвешкиот Розенборг за трансферот на Свере Нипан во зделка тешка 14.7 милиони евра. Младиот везист, кој има само 18 години, ќе потпише договор до 2030 година и се смета за едно од најголемите имиња во подем во норвешкиот фудбал.
Нипан е дел од репрезентацијата на Норвешка до 21 година и веќе подолго време се споредува со капитенот на Арсенал, Мартин Одегаард. Сити ова лето не мирува – досега ги ангажираше Тијани Рејндрс, Рајан Шерки, Рајан Аит Нури и голманот Маркус Бетинели, а Нипан е новото младо засилување за иднината.
Новинарот на „Скај Спортс“, Пат Роу, го опиша како „ѕвезда во настанување на теренот, но скромен и приземен тинејџер надвор од него“. Свере Нипан дебитираше за Розенборг со само 15 години, осум месеци по доаѓањето од Нардо ФК, и стана најмладиот играч кој заиграл и постигнал гол за клубот од Трондхајм.
Неговиот развој е експлозивен, а интерес за него покажуваа голем број европски клубови. „Скај Спортс Њуз“ уште во јануари објави дека Арсенал бил во преговори за негов потпис, но Нипан решил да ја донесе конечната одлука во летниот преоден рок – и ја одбра синијата страна на Манчестер.