Maнчестер сити денеска го потпиша најголемиот договор во историјата на англискиот фудбал

by Стефан
1 минути читање

Maнчестер сити денеска ја продолжи соработката со „Пума“ до 2035 година, а како што пренесуваат медиумите на Островот во прашање е најголемиот договор во историјата на англискиот фудбал.

„Пума“ е задолжена за спортската опрема од Манчестер од 2019 година и досега „граѓаните“ инкасираа околу 75 милиони евра годишно, сега таа сума е зголемена.

Во наредните 11 години гигантот од Манчестер треба да заработи над една милијарда евра или 1.15 милиони евра што кога ќе се подели значи дека поранешниот англиски шампион ќе инкасира околу 115 милиони евра на годишно ниво.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×