На радост на фановите на Арсенал, мечот меѓу Сандерленд и Манчестер Сити заврши без голови 0-0, исто беше и на дуелот меѓу Брентфорд и Тотнем.
Од четири натпревари кои се играа во Премиер лигата на првиот ден од новата година, дури три завршија без голови.
Денот заврши со два натпревари кои завршија 0-0, а поважен од нив беше деулот меѓу Сандерленд и Манчестер Сити.
Тимот на Пеп Гвардиола играше во голема форма, но денеска беа сопрени од борбениот Сандерленд кој оствари уште еден голем резултат оваа сезона.
По 19 одиграни кола или точно на половина од сезоната, Арсенал има четири бодови пред Манчестер Сити на табелата во Премиер лигата.
Од овој термин се играше и мечот меѓу Брентфорд и Тотнем, но и таму немаше погодок.
Претходно 0-0 заврши и дуелот меѓу Ливерпул и Лидс, единствено голови имаше на мечот меѓу Кристал Палас и Фулам кој заврши 1-1.