На 6 февруари светскиот фудбал се потсетува на трагедијата која засекогаш го промени текот на историјата на Манчестер Јунајтед и остави длабока рана во спортот.
Во попладневните часови авионот на „Бритиш јуропиан ервејс“, кој леташе од Минхен кон Англија, се урна при обид за полетување од замрзнатата писта на аеродромот во германскиот град. Во леталото се наоѓаа фудбалерите на Јунајтед, легендарната генерација позната како „Бебињата на Безби“, како и членови на стручниот штаб, пријатели на клубот и новинари.
Од вкупно 44 патници, 20 го загубија животот на самото место, додека уште три лица им подлегнаа на повредите по префрлувањето во болниците во Минхен. Несреќата го шокираше фудбалскиот свет и ја прекина блескавата иднина на една од најталентираните екипи во Европа во тој период.
Меѓу преживеаните беше и тогаш младиот Боби Чарлтон, кој бил пронајден далеку од остатоците на авионот. Херој на трагедијата стана голманот Хери Крег, кој и покрај тешките услови успеал да извлече неколку повредени патници од леталото. Неговиот чин, особено спасувањето на една мајка и нејзиното дете, подоцна беше опишан како најголемата одбрана во неговата кариера.