Манчестер Јунајтед во март конечно дојде до десетта победа во ПЛ! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед триумфираа на гостувањето кај „Кинг Пауер“ кај Лестер Сити (0-3) во 29. коло на Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ се вратија на победите во англиската елита, а „лисиците“ претрпеа шести последователен пораз. Момците на Рубен Амори поведоа во првиот дел со голот на Расмус Хојлунд кој погоди првпат годинава, откако претходно стрела единствено на 7 декември против Нотингем Форест.

Во второто полувреме Алехандро Гарначо имаше поништен гол поради офсајд во 57. минута, а десет подоцна Аргентинецот погоди вторпат овојпат регуларно за 0-2. Конечниот резултат го постави Бруно Фернандеш во финишот на средбата.

Јунајтед стигна само до десеттата победа сезонава и со 37 бода е на 13. позиција на табелата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани