Манчестер јунајтед во едно полувреме го реши Сандерленд, сигурен и Арсенал (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипите на Манчестер јунајтед и Арсенал не дозволија изненадувања и славеа победи во своите денешни натпревари против Сандерленд и Вест хем.

Манчестер јунајтед работата ја заврши во првото полувреме кога голови постигнаа Мејсон Маунт и летното засилување Бенјамин Шешко.

Маунт го отвори резултатот по само осум минути игра, додека Шешко во листата на стрелци е запиша во 31. минута.

Второто полувреме не донесе многу шанси и гледавме мирна игра во која Јунајтед сигурно ја зачува предноста.

За избраниците на Аморим овој триумф доаѓа по поразот од Брентфорд и сигурно е важен затоа што во наредното коло по репрезентативната пауза ги чека дербито со Ливерпул.

Со истиот резултат славеше и Арсенал со тоа што „топџиите“ постигнаа по еен гол во првото и второто полувреме. Прво Рајс донесе предност во 38-та минута, а потоа Сака на 20-тина минути пред крајот од пенал го потврди триумфот.

Арсенал на овој начин го презема врвот на табелата, но Ливерпул денеска од 18:30часот го игра натпреварот со Челси и ако слави повторно ќе се врати на лидерската позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×