Манчестер јунајтед со играч помалку освои три бода, победа и за Сити! (ВИДЕО)

by riste
3 минути читање

Манчестер јунајтед со 3-2 го победи Ипсвич во меч во кој црвените ѓаволи повеќе од 50 минути играа со фудбалер помалку, Сити со гол на Халанд со 1-0 славеше на гостувањето кај Тотнем.

Мечот на Олд Трафорд започна ужасно за Манчестер јунајтед, Ипсвич поведе во четвртата минута со гол на Филоген по една неверојатна грешка на Доргу и Онана.

Но, веќе во 22. минута Морси си даде автогол за израмнување на 1-1, а четири минути подоцна Де Лихт постигна погодок за комплетен пресврт и предност на Јунајтед од 2-1.

Во 44. минута Доргу заработи директен црвен картон поради остарт старт со отворен ѓон, Манчестер јунајтед остана со фудбалер помалку.

Тоа брзо го искористи Ипсвич и пред крајот на првото полувреме Филоген повторно даде гол овојпат за 2-2.

Но и покрај тоа што имаа играч помалку, Манчестер јунајтед дојде до победа од 3-2 благодарение на гол на Мегваер по две минути игра во второто полувреме.

Манчестер Сити со гол на Халанд уште во 12. минута го победи Тотнем на негов терен со минимални 1-0.

На мечот меѓу Нотингем форест и Арсенал немаше голови, дуелот заврши 0-0.

Нерешено заврши и натпреварот меѓу Брентфорд и Евертон, на овој дуел имаше по еден гол на двете страни.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Ужасна грешка на Доргу и Онана, Манчестер јунајтед прими смешен гол! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Мечот меѓу Манчестер јунајтед и Ипсвич почна катастрофално за домаќинот, по една неверојатна грешка гостите дојдоа во водство.

Доргу и Онана не се разбраа, па бекот на Манчестер јунајтед му подари гол на Филоген.

За среќа на црвените ѓаволи брзо потоа направија пресврт со автогол и погодок на Де Лихт и поведоа со 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани