Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ќе ја продолжат одбраната на трофејот во ФА Купот, откако со 2-1 славеа против Лестер Сити и се пласираа во осминафиналето.
Поведе гостинската екипа на „Олд Трафорд“ преку Де Кордова Реид во 42. минута, а израмнување донесе Џошуа Зиркзе во вториот дел. Течеше третата дополнителна минута од натпреварот кога Хари Мегваер погоди за огромна домашна радост.
Бидејќи во ФА Купот ВАР технологијата се користи од осминафиналето, немаше кој да ја смени судиската одлука, иако Мегваер беше во очигледна офсајд позиција. Така Јунајтед се пласира во осминафинале со гол од офсајд на штета на храбриот Лестер.
HARRY MAGUIRE WINS IT IN STOPPAGE TIME FOR MAN UNITED!!!
— ESPN FC (@ESPNFC) February 7, 2025
A GOAL THAT ELIMINATES HIS FORMER CLUB FROM THE FA CUP 🤯 pic.twitter.com/mA1q4Bk7LN