Медиумите од „островото“ пренесуваат дека раководството на „ѓаволите“ жалат за договорот со Барселона за Маркус Рашфорд, сметаат дека сумата од 30 милиони евра е живо џабе.
Пред почетокот на сезоната, Манчестер јунајтед го испрати Маркус Рашфорд на позајмица во Барселона, клубот од Камп Ноу исто така доби опција во целост да го купи напаѓачот за 30 милиони евра (околу 26 милиони фунти).
Но како што пишува Мирор, „ѓаволите“ сега се каат за договорот со „каталонците“.
Тие сметаат дека по добрите игри на Маркус Рашфорд, неговата реална цена е речиси двојно повисока од таа што е договорена со Барселона.
Голем број на екипи се распрашуваат за неговите услуги, па тие лесно можат да му извадат 57 милиони евра (околу 50 милиони фунти) и сумата од 30 милиони евра е живо џабе.