Манчестер јунајтед сака нов голман – тргнува по потписот на еден од најдобрите во светот!

by Стефан
1 минути читање

Во Манчестер јунајтед не се најзадоволни од настапите кои ги пркажуваше во изминатата сезона голманот, Андре Онана и летово би можеле да доведат негова замена.

Според последните информации, опција за „црвените ѓаволи“ е еден од најдобрите светски голмани во овој момент, Емилијано Мартинез.

Мартинез ќе ја напушти Астон вила и тоа не е изненадување, ако се земат во предвид солзите во последниот домашен натпревар со Астон вила сезонава. Се спомеуваше можен трансфер во Галатасарај, но Аргентинецот чекаше подобра понуда и таа можеби ќе пристигне од Манчестер.

Но, поради големата плата која ја има Онана, веројатно за да пристигне друг голман кој е планиран да биде стандарден тој треба да замине. Сепак, таа операција нема да биде лесна бидејќи Манчестер јунајтед за него во 2023 година плати 50 милиони евра и по настапите на „Олд Трафорд“ тешко би се нашло клуб кој ќе сака да му понуди сличен договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×