131
„Ѓаволите“ веќе кројат планови за настап на трансфер пазарот во 2025 година, ќе се обидат да донесат засилувања за четири позиции, а главна цел ќе им биде Еберечи Езе од Кристал Палас.
Манчестер јунајтед изминатово лето донесе пет нови имиња, на Олд Трафорд пристигнаа Џошуа Зиркзе, Лени Јоро, Матајс де Лихт, Нусаир Мазрауи и Мануел Угарте.
Но реконструкцијата на тимот ќе продолжи и во следниот период, „ѓаволите“ веќе кројат планови за настап на трансфер пазарот во 2025.
Како што пренесува МЕН, ќе бидат донесени засилувања за четири позиции: лев бек, централен дефанзивец, фудбалер од средниот ред и крило.
Главна цел ќе биде Еберечи Езе од Кристал Палас, а ќе биде обновен и интересот за Џаред Брантвајт од Евертон.