151
Како што пренесува Дејли Стар, Манчестер јунајтед на листата со желби го додал Алексис Мек Алистер од лутиот ривал Ливерпул.
„Ѓаволите“ планираат летоска да донесат квалитетно засилување за средниот ред, а на списокот се играчи како Адам Вортон, Карлос Балеба и Елиот Андерсон.
Денешното издание на Дејли Стар вели дека на овој список е додаден и Алексис Мек Алистер од Ливерпул.
Но прашање е колку е реален еден ваков трансфер, Манчестер јунајтед и Ливерпул се огромни ривали и со години ниту еден фудбалер директно не преминал од едниот во другиот клуб.
Па останува да се види дали Аргентинецот ќе биде првиот кој по долго време ќе направи предавство.