Манчестер јунајтед сака четири големи засилувања за враќање во Лигата на шампиони

by bojan
1 минути читање

Сер Џим Ратклиф планира летоска да инвестира во четири големи засилувања со кои Манчестер јунајтед ќе се бори за врвот и враќање во Лигата на шампиони.

„Ѓаволите“ можеби го освоија ФА Купот, но ја имаа една од најлошите сезони во Премиерлигата.

Па летоска ќе има големи промени во составот на Манчестер јунајтед, без разлика дали Ерик тен Хаг ќе остане, или ќе биде ангажиран нов тренер.

Се шпекулира дека Сер Џим Ратклиф планира да инвестира во четири големи засилувања.

Новинарот Пит О’Рурк објави дека ќе биде ангажиран нов централен дефанзивец, нов бек (најверојатно лев), дефанзивец од средниот ред и напаѓач.

Тој сепак не открива конкретни имиња на засилувањата со кои Сер Џим Ратклиф ќе го врати Манчестер јунајтед во битката за врвот и место во Лигата на шампиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани