Манчестер јунајтед размислува за шокантен ангажман на првиот стрелец на Челси

by bojan
2 минути читање
Нкунку

Напаѓачот на Челси, Кристофер Нкунку не е задоволен од минутажата на Стемфорд Бриџ па сака да ја промени средината а медиумите го поврзуваат со шокантен трансфер во Манчестер јунајтед.

Рубен Аморим од денеска е нов тренер на Манчестер јунајтед и сите со нетрпение чекаат да видат како тој ќе ги склопи коцките на „Олд Трафорд“.

Има многу гласини за тоа како може да изгледаат „ѓаволите“ под негово водство и кои се играчи тој ќе ги побара, а последните информации говорат за шокантен трансфер на Кристофер Нкунку од Челси.

Французинот не е задоволен од минутажата, во Премиерлигата беше стартер само еднаш и главно добива шанси во Лига купот и Конференциската лига каде Енцо Мареска игра со „втор тим“.

Одредени извори пренесуваат дека Нкунку не се преселил во Челси „за да седи на клупа“, па доколку не се промени ситуацијата, напаѓачот ќе инсистира да ја промени средината.

Наводно интересот на Манчестер јунајтед не е нов, „ѓаволите“ уште минатото лето се распрашувале за Кристофер Нкунку, но не бил направен конкретен обид, сепак ситуацијата може да се промени во јануари.

Челси е отворен за продажба на Кристофер Нкунку, особено ако може во целост да ја поврати сумата која ја плати летото во 2023 година (околу 52 милиони фунти/60 милиони евра).

Кристофер Нкунку во моментов е прв стрелец во тимот на Челси со 10 погодоци на 17 натпревари, но има само 1 гол во Премиерлигата оваа сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани