Манчестер јунајтед пресекол, уште еден фудбалер заминува бесплатно а беше платен 85 милиони

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува весникот Сан, Манчестер јунајтед нема да ја искористи опцијата да го продолжи договорот на Џејдон Санчо за дополнителни 12 месеци, па Англичанецот летоска беспари ќе го напушти Олд Трафорд.

Минатиот месец, „ѓаволите“ соопштија дека Касемиро заминува по крајот на сезоната како слободен играч.

Манчестер јунајтед нема да ја искористи опцијата да го продолжи договорот на Бразилецот за 12 месеци, па инвестицијата од 70 милиони евра ќе си оди бесплатно.

На многумина ова им делува малку чудно, но клубот од Олд Трафорд си има своја математика, а како што пишува весникот Сан, ова ќе биде повторено и со Џејдон Санчо.

„Ѓаволите“ и за Англичанецот имаат опција да го продолжат договорот за 12 месеци, но нема да го сторат тоа и офанзивниот фудбалер ќе има одврзани раце да го напушти клубот.

За ангажман на Џејдон Санчо беа платени 85 милиони евра летото во 2021 година, но тој никогаш не се снајде во дресот на Манчестер јунајтед, шест месеци помина на позајмица во Борусија Дортмунд, потоа 12 месеци играше како позајмен во Челси, за оваа сезона да замине на нова позајмица во Астон Вила.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×