„Манчестер јунајтед потроши 1,8 милијарди на засилувања во 10 години, само еден ги надмина очекувањата!“

by bojan
2 минути читање
Фернандеш

Гери Невил вели дека Рубен Аморим ќе мора да поправи една работа доколку сака да биде успешен на Олд Трафорд и ја критикуваше трансфер политиката на Манчестер јунајтед во последните 10 години.

Откако Сер Алекс Фергусон замина во пензија во 2013, Манчестер јунајтед мака мачи да се вмеша во трката за титулата.

Беа инвестирани огромни суми во засилувања, но „ѓаволите“ играат под очекувањата, па беа променети дури пет тренери во овој период (и уште неколку на привремена основа), Рубен Аморим е шестото име кое ќе седне на жешкото столче на Олд Трафорд.

Легендата на клубот, Гери Невил смета дека Рубен Аморим ќе мора да поправи една работа доколку сака да биде успешен, и во исто време испрати критики за трансфер политиката на Манчестер јунајтед.

„Ќе мора да го извади најдоброто од фудбалерите. Играчите мора да преземат одговорност за работите што се случуваат во последните десетина години. Клубот ангажираше многу играчи кои беа на мета на други клубови, и кога тие пристигнаа во Манчестер јунајтед, се изгубија“ – вели Гери Невил.

„Зошто е тоа така? Можеби вина има во тренерите, можеби вина има во самите играчи, можеби клубот е преголем за нив… но што и да е, ова мора да се промени и доколку Аморим не го промени ова, го чека истата судбина како и неговите претходници“.

Тој потоа додаде: „Во последните 10 години, само Бруно ги надмина очекувањата, ниту еден друго засилување. А беа потрошени 1,8 милијарди фунти на засилувања. И ова навистина мора да се промени“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани