Манчестер јунајтед пикирал топ кандидат за наследник на Рубен Аморим

by bojan
1 минути читање
Аморим

„Ѓаволите“ го пикирале Оливер Глазнер од Кристал Палас како топ кандидат за наследник на Рубен Аморим, се шпекулира и со можноста Енцо Мареска да седне на жешкото столче на „Олд Трафорд“.

Манчестер јунајтед денеска се раздели со Рубен Аморим, лошите резултати и коментарите на Португалецот ја прелија чашата, па „ѓаволите“ решија дека е време за промени.

Се најавува дека Дарен Флечер ќе го презеде тимот на следните неколку натпревари, а потоа ќе биде именувано привремено решение до крајот на сезоната.

Што се однесува до трајно решение, како што пренесува Индипендент, Манчестер јунајтед го пикирал Оливер Глазнер од Кристал Палас како топ кандидат за наследник на Рубен Аморим.

Киран МекКена, кој беше опција и кога се бараше наследник на Ерик тен Хаг во 2024, исто така е на листата со желби.

Раководството на „ѓаволите“ исто така ја ценат работата на Енцо Мареска во Челси, па и тој е помеѓу опциите.

Јулијан Нагелсман исто така се споменува помеѓу кандидатите, најмногу поради добриот однос со директорот Кристофер Вивел, двајцата добро се познаваат од времето во Ред Бул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×