„Ѓаволите“ оствариле контакт со Киран МекКена околу можноста 38 годишниот стратег да го наследи Ерик тен Хаг на кормилото на „Олд Трафорд“.
Во моментов владее хаос кога е во прашање трансфер пазарот за тренери во Премиерлига, нов предводник бараат Челси, Брајтон па и Манчестер јунајтед.
Во бележникот на сите три клубови има неколку имиња, а едно е особено атрактивно и се наоѓа на радарот на сите три.
Станува зборза Киран МекКена, кој го предводеше Ипсвич до две промоции по ред, и од трета лига, го однесе клубот до Премиерлига во период од две години.
Како што пренесува Скај Спортс, Манчестер јунајтед веќе одржал состанок со агентите на Киран МекКена.
38 годишниот стратег е главен кандидат за тренер на Челси, и „сините“ веќе го имаат информирано Ипсвич за намерата да отворат преговори.
Но се верува дека Киран МекКена преферира да се пресели на Олд Трафорд доколку му се укаже шанса да го наследи Ерик тен Хаг.
Киран МекКена има минато со „ѓаволите“, две години беше тренер на тимот до 18 години, а потоа беше промовиран како помошник тренер во првиот тим, каде се задржа три сезони.