„Ѓаволите“ открија дека отказот на Рубен Аморим и неговиот тренерски персонал може да чини и до 15,9 милиони фунти.
Рубен Аморим доби отказ на почетокот од јануари, по серијата слаби резултати, чашата ја прелија критиките кои Португалецот ги упати до раководството.
Манчестер јунајтед сега откри колку ги чини одлуката да се разделат со Португалецот.
Во извештаите доставени до берзата во Њујорк, стои дека отказот на Рубен Аморим и неговиот персонал може да чини и до 15,9 милиони фунти.
Не е јасно што треба да се случи за во целост да биде исплатена оваа сума, но се шпекулира дека е поврзано со тоа дали Рубен Аморим ќе најде нова работа во одреден временски период.
За ангажман на Рубен Аморим на Спортинг му беше платена отштета од нешто над 10 милиони фунти, па јасно е дека со оваа авантура, „ѓаволите“ во вода фрлија многу пари.