Манчестер јунајтед опипува терен за сензационално враќање на Давид де Хеа?!

by bojan
1 минути читање
Де Хеа пред сензационално враќање на Олд Трафорд

„Ѓаволите“ би можеле да направат сензационален трансфер и да го вратат Давид де Хеа на Олд Трафорд откако добиле инсајдерски информации за ниска откупна клаузула во договорот на голманот.

Рубен Аморим не е задоволен од партиите на Андре Онана, па Манчестер јунајтед ова лето пројави интерес за Емилијано Мартинез од Астон Вила и Џиџо Донарума од ПСЖ.

Овие зделки се изјаловија поради високите суми на Аргентинецот и Италијанецот, но „ѓаволите“ не се откажуваат од идејата да ангажираат нов голман.

Последните информации говорат за сензационален трансфер и враќање на Давид де Хеа.

Како што пренесува весникот Сан, клубот од Олд Трафорд добил инсајдерски информации за ниска откупна клаузула во договорот на Шпанецот.

Давид де Хеа дури 12 години го носеше дресот на Манчестер јунајтед, за летото во 2023 да го напушти клубот откако „ѓаволите“ во последен момент се предомислија и го повлекоа новиот договор.

Тој потоа имаше една година пауза, за минатото лето да потпише со Фиорентина, каде импресионираше со своите перформанси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×