Неколку извори утрово објавија дека Манчестер јунајтед и ПСЖ си подале рака за трансфер на Мануел Угарте вреден околу 60 милиони евра, Уругваецот наскоро ќе пристигне во Англија на лекарски прегледи.
„Ѓаволите“ ова лето го идентификуваа Мануел Угарте како засилување за средниот ред, но во прв момент одбија да ја платата цената од 60 милиони евра која ја постави ПСЖ.
Откако преговорите се влечеа со недели и се размислуваше за неколку формули, утрово пристигна информација дека двата клуба си подале рака за трансфер.
Манчестер јунајтед на крајот реши да плати 60 милиони евра, односно 50 милиони евра како фиксен дел, плус додатни 10 милиони евра во бонуси, па Уругваецот наскоро ќе пристигне во Англија на лекарски прегледи.
Мануел Угарте пристигна во Париз минатото лето, исто така за 60 милиони евра, но не успеа да се наметне кај Луис Енрике.
На почетокот од годинава, тренерот на ПСЖ брутално го понижи играчот и по триумфот над Тулуз во Суперкупот на Франција рече: „Угарте денеска беше прекрасен! Ниту една загубена топка, ниту една грешка, перфектен!“
А Мануел Угарте не одигра ниту една минута, целиот натпревар го преседе на клупата.