Манчестер Јунајтед ќе „удри“ по џебот на навивачите, воведува американски модел за билети!

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Јунајтед размислува за воведување на контроверзен систем што би ги погодил навивачите по џеб со плаќање до 4000 фунти само за право на купување сезонска карта на идниот нов стадион.

Станува збор за т.н. „лиценца за лично седиште“ (PSL), модел што се користи во американскиот спорт, но досега невиден во Премиер лигата. Со оваа лиценца, навивачите би добиле право на првенствено купување карта за своето седиште во следните 30 години, но ако една сезона не купат карта, лиценцата автоматски се губи.

Идејата доаѓа по преземањето на клубот од страна на Џим Ретклиф и Инеос, кои планираат изградба на нов стадион со 100.000 места покрај Олд Трафорд. Проектот, кој се проценува на над 2 милијарди фунти, го води познатиот архитект Норман Фостер, а се очекува таму да се игра и финалето на СП за жени во 2035 година.

Клубот нагласува дека сè уште е во фаза на истражување и дека ваквата опција е само една од неколкуте разгледани. Сепак, најавите веќе предизвикаа шок и револт меѓу фановите, особено ако се знае дека сезонските карти веќе се зголемени за пет отсто.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×