Манчестер Јунајтед ќе штеди: Нема повеќе бесплатна храна за вработените, а најавени се и нови отпуштања

by 24 фудбал
1 минути читање

Новото сопствеништво на Манчестер Јунајтед на чело со Џим Ретклиф воведе нови мерки и тоа драконски за стабилизација на клубот. Сепак, се тоа делува дека е во погрешна насока, бидејќи обидите за штедење се парадоксални во споредба со вистинските трошоци на клубот.

Една од мерките за смалување на трошоците која ќе заштеди преку еден милион фунти е поврзана со храната. Отсега само фудбалерите ќе јадат бесплатно, а скратени се бесплатните оброци за останатите вработени во клубот. Ова е уште една непопуларна мерка откако претходно клубот отпушти околу 250 вработени, а се најавува дека ќе заминат уште околу 200.

Спротивно на сите овие обиди за заштеда се платите на фудбалерите, како и вложувањата во играчкиот кадар. Кога ќе се земат в предвид сите овие работи и ќе се согледа дека Манчестер Јунајтед е на 15. место во Премиер лигата, сопствениците треба да се запрашаат дали кратењата се на вистинското место…

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани