Манчестер јунајтед ќе плати 50 милиони за првото засилување во јануари?!

by bojan
1 минути читање

Неколку извори пренесуваат дека „ѓаволите“ го идентификувале Жоао Гомеш од Вулверхемтон како засилување за средниот ред во јануари, се шпекулира со сумата од 50 милиони евра.

Манчестер јунајтед изминатиов период се поврзуваше со неколку фудбалери од средниот ред  -Карлос Балеба од Брајтон, Елиот Андерсон од Нотингем Форест и Адам Вортон од Кристал Палас.

Но сите овие имаат огромна почетна цена од 100 милиони фунти, па „ѓаволите“ разгледуваат неколку други опции.

Последните информации говорат дека Жоао Гомеш од Вулверхемптон бил идентификуван како засилување во зимскиот преоден рок, и за негов ангажман ќе бидат доволни околу 50 милиони евра (44 милиони фунти).

Можно е и ова да ти се допаѓа

×