Манчестер јунајтед ја свитка опашката, тактиката на Челси се покажа како добитна

by bojan
1 минути читање

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Манчестер јунајтед и Челси ги финализираат преговорите за трансфер на Алехандро Гарначо на Стемфорд Бриџ во зделка вредна околу 35-40 милиони фунти.

Алехандро Гарначо ова лето ги одбиваше сите понуди – сакаше само преселба во редовите на Челси.

Па „сините“ го искористија ова, чекаа да дојде крајот на преодниот рок за да го добијат Аргентинецот по поповолни услови.

Тактиката им се исплатеше, како што пренесува Фабрицио Романо се финализираат преговорите за трансфер на Аргентинецот на Стемфорд Бриџ вреден околу 35-40 милиони фунти.

„Ѓаволите“ во јануари одбија 60+ милиони од Наполи, додека цената која ја одредија ова лето беше 50 милиони фунти, но очигледно ќе мора да се задоволат со нешто помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×