Медиумите од „островото“ пренесуваат дека пред неколку години Оле Гунар Солшер му предложил на Манчестер јунајтед да го купат Бенџамин Шешко, но раководството на клубот сметало дека 2,5 милиони фунти за недокажан тинејџер се многу пари.
Бенџамин Шешко е едно од имињата во бележникот на „ѓаволите“ за засилување на нападот, но се верува дека фудбалерот од Словенија преферира преселба во Арсенал.
Неговата вредност сега се проценува на околу 45 милиони фунти, и во екот на се погласните шпекулации, медиумите од „островото“ пишуваат како Манчестер јунајтед испуштил златна шанса.
Кога Оле Гунар Солшер бил на тренерското столче на „Олд Трафорд“, предложил да го ангажираат Бенџамин Шешко.
Легендата на „ѓаволите“ видел огромен потенцијал во Бенџамин Шешко, па инсистирал да биде купен.
Сепак, раководството на Манчестер јунајтед одбило да даде зелено светло за една ваква зделка, сметале дека 2,5 милиони фунти за недокажан тинејџер се многу пари.
За да ја исправат грешката, сега ќе им биде потребна речиси 20 пати поголема сума.