„Ѓаволите“ се подготвени да платат и до 100 милиони евра за услугите на Чави Симонс со цел да стигнат до потписот на Холанѓанецот пред ривалите.
Манчестер јунајтед минатата недела стигна до потписот на перспективниот Лени Јоро и покрај тоа што фудбалерот сонуваше за настап во Реал Мадрид.
„Ѓаволите“ понудија многу повеќе пари, па 18 годишниот дефанзивец заврши на Олд Трафорд.
Како што пренесува Спорт, Манчестер јунајтед планира со сличен пристап да стигне и до потписот на Чави Симонс.
Холанѓанецот е желба на Баерн и клубот од Минхен е подготвен да инвестира околу 70 милиони евра за да го ангажира.
Па за да ја „збрише“ конкуренцијата, Манчестер јунајтед ќе испрати понуда кој ќе стигне и до 100 милиони евра.
Во ПСЖ веќе тријат раце и го чекаат конкретниот предлог на „ѓаволите“.