Манчестер Јунајтед имал шокантен обид за ангажман на Емилијано Мартинез

by bojan
1 минути читање
Емилијано Мартинез е идентификуван од Манчестер јунајтед како замена за Андре Онана

Како што пренесува Дејли Мејл, Манчестер јунајтед се обидел на позајмица да го донесе Емилијано Мартинез, во Астон Вила се чуделе на понудата и експресно одговориле негативно.

Ангажман на нов голман е една од трансфер желбите на Рубен Аморим ова лето и се говори дека Емилијано Мартинез од Астон Вила е при врвот на листата.

Како што пренесува Дејли Мејл, изминатиов викенд се одржала нова рунда преговори помеѓу двата клуба.

Весникот открива дека „ѓаволите“ имале шокантен обид за ангажман на Емијално Мартинез, односно понудиле да го ангажираат голманот на позајмица.

Во Астон Вила се чуделе на понудата и експресно одговориле негативно.

Се шпекулира дека клубот од Вила Парк бара околу 40 милиони фунти за продажба на Аргентинецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×