Манчестер јунајтед има смешен трансфер буџет, може да биде значително зголемен со продажба на три ѕвезди

by bojan
1 минути читање
Тен Хаг

Како што пренесува Тајмс, „ѓаволите“ имаат трансфер буџет од само 35 милиони фунти, но оваа сума може значително да се зголеми со продажба на Џејдон Санчо, Мејсон Гринвуд и Касемиро.

Манчестер јунајтед затвори едно прашање кога се плановите за новата сезона, клубот од Олд Трафорд реши да го задржи Ерик тен Хаг на кормилото.

Сега фокусот ќе биде кон засилување на тимот, а како што пренесува Тајмс, „ѓаволите“ ќе имаат смешен трансфер буџет од само 35 милиони фунти.

Ова била сумата која им била брифирана на кандидатите за нов тренер со кои се разговарало изминатиов период, а тие биле прилично изненадени.

Сепак, трансфер буџетот може да биде значително зголемен со продажба на три ѕвезди.

Манчестер јунајтед летово ќе ги продаде Џејдон Санчо, Мејсон Гринвуд и Касмери, и планира да прибере преку 100 милиони фунти, кои ќе бидат искористени за трансфери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани