1,4K
Нигериецот Виктор Осимен би можел да биде дел од размена во која би се преселил во Манчестер јунајтед.
Според последните информации, Манчестер јунајтед покажува голем интерес за неговите услуги и веќе има план како да дојде до неговиот потпис.
„Црвените ѓаволи“ испратиле понуда 40 милиони, но и напаѓачот Расмус Хојлунд кој не воодушеви на „Олд Трафорд“.
Хојлунд во редовите на Манчестер јунајтед пристигна од Аталанта каде што играше одличен фудбал, па враќањето во Италија би можело да биде добро и за него. Ќе потсетиме, дресот на Галатасарај Осимен го носи како позајмен фудбалер и се очекува Наполи на лето да го продаде на некој европски гигант.