Манчестер јунајтед има огромни проблеми и со финансиите – должи многу пари!

by Стефан
1 минути читање

Финансиската состојба во Манчестер Јунајтед станува сè покомплицирана, бидејќи клубот има обврски од околу 422 милиони фунти за претходни трансфери. Овој товар ги принудува раководните луѓе на „Олд Трафорд“ сериозно да размислуваат за продажба на дел од играчите во претстојниот период.

Според англиските медиуми, клубот е подготвен да ги разгледа понудите за неколку фудбалери кои пристигнаа по барање на поранешниот тренер Ерик тен Хаг. Иако тие требаше да бидат носители на новиот проект, во раководството сметаат дека сегашниот состав нема доволно квалитет за сериозна борба за трофеи.

Ситуацијата е дополнително отежната бидејќи во следните 12 месеци клубот треба да исплати дури 238 милиони фунти. Токму затоа се подготвува нова реконструкција на тимот. Плановите вклучуваат ангажман на играч од средниот ред, крилен напаѓач, лев бек и централен дефанзивец во летниот преоден рок.

Паралелно со тоа, раководството размислува за продажба на дел од скапите засилувања од последните години. На списокот на фудбалери за кои би можеле да се разгледаат понуди се Расмус Хојлунд, Џошуа Зиркзе, Мануел Угарте, Андре Онана и Мејсон Маунт. Овие петмина го чинеа клубот околу 250 милиони фунти, но јасно е дека сега со нивните продажби не можат да заработат ниту блиску до таа сума.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×