Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Манчестер јунајтед забрзано ќе почне да работи на ангажман на нов дефанзивец и нов напаѓач по повредите на Лени Јоро и Расмус Хојлунд.
„Ѓаволите“ синоќа добија лоши вести, Лени Јоро ќе биде во аут околу 3 месеци пореди повреда на стапалото, додека пак Расмус Хојлунд ќе паузара околу месец ипол поради повреда на задната ложа.
Ваквиот развој на настаните ќе влијае и врз трансфер активностите на Манчестер јунајтед, па клубот од Олд Трафорд сега забрзано ќе работи на ангажман на нов централен дефанзивец и нов напаѓач.
Матајс де Лихт се посочува како засилување за одбраната, додека пак Ајван Тони како засилување за нападот.
Останува да се види какви потези ќе бидат повлечени на трансфер пазарот до крајот на месецот.